Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава. Испораката на нарачката се врши исклучиво на подрачјето на Р. Северна Македонија и рокот на испорака е 5 работни дена. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден.
Превземање на пратки Курирските служби (екстерни фирми кои ја вршат доставата за нас) пратките ги доставуваат на адресата за испорака со следното работно време и тоа секој работен ден од 8 до 16 часот и сабота од 8 до 16 часот,
При превземање на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот, случајно да не има некои физички видливи оштетувања. Доколку забележите било какво оштетувања на самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се одбие пратката и во истиот момент да не известите со повик или порака на Viber на телефонскиот број 070/374-654 или по пат на e-mail info@neonplus.store . Доколку е се во ред со пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два примерока. Вообичаена пракса е доколку курирот не ве пронајде на назначената адреса, ќе треба да ве исконтактира на телефон-контакт кој сте го посочиле при креирање на нарачката и да се направи договор за нов термин за испорака на нарачката. Доколку и во тој случај повторно не ве пронајде на посочената адреса нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе ве исконтактираме за да дојдеме до заклучок и да се договориме за повторно испраќање.
Цена на Испорака
Цената на достава за сите нарачки чија вредност е поголема од 2999 ден. е бесплатна!
Напомена!
Со потврда на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ, согласни сте со условите за испорака